Забава Избор

Одличните D’Reamers ја објавија новата песна „Мали нешта“

Охрид. 19. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – D’Reamers ја објавија нивната седма песна „Мали нешта“, по која, според членовите на бендот Синиша и Џејмс, преостануваат уште три песни до нивниот албум првенец.

За да звучи совршено се погрижија Дамир Пух и Наташа Миха во нивното GreenRoom Sound Studio, а видео записот чиј дел се и Кирил Билбиловски и Емил Ејупи е снимен од „ProCam“.

– Звукот и стилот на самата мелодија потсетуваат на сите големи Sanremo хитови кои ги одбележаа изминативе декади, преку извонредните можности кои ги нуди современата технологија во музичкиот свет, велат D’Reamers.

Откриваат дека паралелно со „Мали нешта“ се работи и на нивната осма песна по ред, која се очекува во најкус можен рок. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука