Неверојатни сцени во Англија по враќањето на Портсмут во Чемпионшип (ВИДЕО)

Некогашниот премиерлигаш Портсмут ја освои Лигата 1, и следната сезона ќе игра во Чемпионшип. Поранешниот премиерлигаш се враќа во втората по ранг лига после 12 сезони минатит во третата и четвртата лига по ранг во Англија. Последен пат овој тим беше во Премиерлигата во сезоната 2009/10.

Со победата од 3-2 против Барнсли, Портсмут промоцијата во повисок ранг ја избори две кола пред крајот на лигашкиот дел од сезоната. Најдобрата екипа сега веќе никој не може да ја пресгине, а добри шанси да се врати во Чемпионшип има и Дерби.

Порсмут во средбата против Барнсли двапати се враќаше од негатива за конечен триумф, а после натпреварот се случија неверојатни сцени откако навивачите влетаа на теренот да прослават со своите играчи.

Се вчитува...