Сити не знае за кикс – продолжува битката за титула со Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер сити ја продолжува битката за титулата во Премиерлигата со Арсенал, по триумфот на гостувањето против Нотингем Форест од 0-2.

„Граѓаните“ победата ја најавија со голот на Јошко Гвардиол уште во 32. минута од средбата.

Халанд, пак, во 71. минута ги постави конечните 0-2.

Манчестер сити сега е на само бод од водечкиот Арсенал, но и натпревар помалку.

Се вчитува...