Огромен проблем за Црвена Звезда: Заврши сезоната за „специјалистот за одбрана“

Лидерот на регуларниот дел од АБА првенството, Црвена Звезда се соочува со огромен проблем на самиот почеток на разигрувањето за титула во регионалното првенство. Походот кон трофејот „црвено-белите“ ќе мораат да го завршат без еден од позначајните кошаркари на тимот, Адам Ханга.

Унгарскиот бек заработи скршеница на раката на тренинг на својот клуб, а според неговата последна изјава за унгарските медиуми се чини дека за 35-годишникот сезоната е завршена.

„Изгледа дека сезоната за мене е завршена. Ми се скрши коската на пола, вчера го извадив завојот и ќе треба да одмарам од шест до осум недели“, откри Ханга.

Бекот добро познат по својата одбрана за просек од 16 минути поминати на терените во АБА лигата бележи просек од 6.3 поени, 2.6 асистенции и 2.3 скока по натпревар.

Се вчитува...