Вести Македонија Топ вести

Првата катна гаража во Штип е дивоградба, открива директорот на Центарот за култура Горан Трајков

Првата катна гаража во Штип е дивоградба, која се гради позади Центарот за култура „Ацо Шопов“  тврди директорот на оваа културна институција Горан Трајков.

Свиркачи од Општина Штип му ја доставиле документацијата со која што, какошто вели  се потврдува дека е издадено одобрение за градба на катна гаража спротивно на Законот за градење. Трајков денеска ја достави документацијата до СВР-Штип и бара да се испита случајот.

  • Градоначалникот заедно со неговите вработени постапиле спротивно од член 61 од Законот за градење, со што го прекршиле членот 59 од истиот закон, каде што во член 61 децидно стои дека, доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спортивно на овој Закон, односно, не го одбие барањето за одобрение за градење слогласно членот 59, одгворното, односно службеното лице, во конкретниот случај градоначалникот на општина Штип, подлежат на кривична одговорност согласно Кривичниот законик- изјави Горан Трајков, директор на Дом на култура „Ацо Шопов“-Штип.

Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов на обвинувањата одговори  дека секој има легитимно право да излезе во јавност и да се сомнева во некоја незаконитост. Според него во изградбата на првата катна гаража во Штип нема ништо незаконско и е градена согласно законот.

  • Катната гаража е објект којшто согласно Законот е изграден, поставен и којшто ќе биде во функција на граѓаните. Надлежните институции можат до проверат и да утврдат доколку има нешто незаконско- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Изградбата на првата катна гаража почна и завршува со обвинувања и прес-конференции меѓу Трајков и Јорданов. Трите катни гаражи во центарот на Штип треба да го средат сообраќајниот хаос во централното градско подрачје.

Викторија Јованова Димитрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе