Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен со „петарда“ ја продолжи неверојатната серија (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундеслигата, но без разлика на тоа избраниците на Чаби Алонсо не се опуштаат и редат позитивни резултати во шампионатот.

„Фармацевтите“ денеска го потопија Ајнтрахт Франкфурт на негов терен со фантастични 5-1 и со тоа само ја продолжија импресивната серија на непобедливост, поточно сега Леверкузен не знае за пораз на 48 мечеви во сите натпреварувања со што е израмнет рекордот на Бенфика поставен меѓу декември 1963 и февруари 1965 година.

Џака, Шик, Паласиос, Фримпонг и Бонифејс беа стрелци на погодоците, Екетике пак стрелаше за домаќините.

Со вкупно 84 бода Леверкузен е далеку пред сити, потврда за тоа е што второпласираниот Баерн Минхен има 69 поени.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни