Заматена вода од водоводната мрежа – стружани мораат да купуваат вода за пиење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кога и да има дожд, водата за пиење во Струга е заматена. Стружани се жалат, велат дека редовно ги плаќаат сметките а мораат да купуваат вода, бидејќи во лето нема вода а на есен и во зима, се плашат да ја консумираат водата бидејќи е заматена.

„Заматена е, не се пие воопшто. Страв ни е и купуваме, но во ова време на криза ние плаќаме високи сметки за вода а вода купуваме“.

„Поради дождот е. Не, не, заматена е“.

„Јас не пијам вода од чешма, земам од Охрид, не пијам од нашите чешми“.

Од ЈП велат дека поради дождовите загадени се изворите од термоцентралите. Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека во тек е проект за отстранување на азбестните цевки и дека конечно ќе се реши проблемот со водоводот.

„Со ова ќе имаме ново водоснабдување, безбедно и во доволни количини во населените места. Мислам и се надевам дека со овој проект нема да има проблеми ниту Драслајца ниту Ложани ниту Ливада, Велешта, Новосело, Татеши итн. Значи ќе вклучува голем дел за кој овие 60-70 години не се размислувало“, вели Рамиз Мерко.

Надлежните уверуваат дека иако водата е заматена не е штетна по здравјето на луѓето а тоа го потврдуваат и анализите од ЦЈЗ.