• петок, 17 мај 2024

Бројот на загинати во земјотресот во Мароко достигна 820 лица

Бројот на загинати во земјотресот во Мароко достигна 820 лица

Маракеш, 9 септември 2023 (МИА) - Во катастрофалниот земјотрес што синоќа го погоди Мароко, според последните податоци, загинаа најмалку 820 лица, а 672 се повредени.

Поголемиот дел од загинатите се во планински, тешко достапен терен.

Како што наведува Министерството за внатрешни работи на Мароко смртните случаи од земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала се во неколку региони, вклучувајќи ги провинциите Ал Хауз и Маракеш, како и градовите Уарзазате, Азилал, Чичауа и Тарудант.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните Алжир и Мавританија. ссм/

Остани поврзан