Top Sport

Посебен ден за Луис Енрике – неговата ќеркичка денеска ќе наполнеше 13 години

За шпанскиот селектор, Луис Енрике денешниот ден е „посебен“, но тоа нема врска со фудбалот и со големата вечерна пресметка со Шпанија – неговата трагично почината ќеркичка Чана денеска ќе го прославеше својот 13. роденден.

42-годишниот Енрике на социјалните мрежи сподели емотивна роденденска честитка за Чана, која почина во 2019 година на само девет години по петемесечната борба со остеосаркома, редок вид на рак на коските.

„Денеска е посебен ден. Не само бидејќи играме со Германија, туку и поради тоа што мојата ќерка Чана денеска ќе наполнеше 13 години. Моја љубов, каде и да си, ние те сакаме“, напиша Енрике.

Scroll to Top