Љуботен преку Бразилките лесно против Тиверија, Саса го доби Ас Јунајтед, хет-трик за Салихи!

Вчера се одиграа натпреварите од вонредното 19. коло од Првата женска фудбалска лига, во Струмица наместо дерби меѓу Тиверија и лидерот Љуботен, актуелниот шампион на бразилски погон славеше со 1:4.

Домашниот тим со голот на Јофива имаше водство од 1:0 на полувреме, а во вториот дел бразилките Гоја која беше двоен стрелец, Едите Силва и Алваренга Диас беа стрелци за убедлива победа од 1:4.

Каменица Саса на домашен терен со 2:0 славеше во дербито со струшки Ас Јунајтед откако Јапонката Нанока Иригучи во 7. минута постигна го за 1:0, а Елена Панеска во 91. минута постигна гол за конечни 2:0.

Шкендија на домашен терен со убедливи 6:0 ја декласираше Цевитана, екипа која во пролетниот дел нижи само порази. Афродита Салихи постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Рејхане Далипи, Хава Мустафа и Ангела Стојковска.

Истатов со 1:2 го доби важниот меч против Скопје со погодоците на Чонева и Здравевска за 0:2 на полувреме, а во вториот дел Грозданова ги постави конечните 1:2.

Колото ќе се комплетира денес со дербито од дното на табелата за опстанок меѓу Речица и Топ Гол, директна дерби-пресметка на двата конкуренти за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет