22.8 C
Скопје
16:12 - 2 мај, 2024

Соседите открија како живее Мелина Џиновиќ по разводот: „Ќе профитира таа од Харис…“

По разводот со Харис Џиновиќ, креаторката се преселила во луксузен комплекс каде соседите ретко ја гледаат, но знаат многу за животот на нивната нова сосетка.

Бидејќи веста за разводот на Харис Џиновиќ и Мелина не стивнува во јавноста, но и меѓу јавните личности, екипа на српски Блиц ја посетиле областа каде што се преселила креаторката откако ја напуштија вилата во Сењак.

Имено, брачната двојка и официјално е разведена, а на големо се шпекулира дека Мелина има нов партнер, што во своите изјави го потврди и Харис со реченицата дека изневерениот сопруг последен дознава.

Во новото маало речиси и да не знаат за Мелина додека новинарите не ја покажале фотографијата. Станува збор за луксузен комплекс, па некои од соседите, според српски Блиц, „се прават дека не ја познаваат креаторката, иако таблоидите се на масата каде пијат кафе“.

– Не знаеме која е Мелина Џиновиќ, вели млад човек, иако на насловната страница на списанието што го чита, неговата шолја за кафе стои врз главата на дотичната.

Но веќе на следната маса девојките отворено зборувале за тоа што го знаат.

– Таа е во надворешна зграда, па не мора да поминува низ центарот на комплексот за да ја видиме, сама ја сретнавме. Жената изгледа убаво и без шминка. Во последно време носи ситници за уредување на домот, но не знаеме дали го изнајмила станот или е нејзин имот, велат и додаваат:

– Ја видовме Џина, нејзината ќерка, како доаѓа овде. Ја знаеме од социјалните мрежи. Не сме го виделе нејзиниот син, иако можеби нема ни да го препознаеме. Но, потоа прочитавме дека тој всушност нема комуникација со мајка си, барем така рекол Харис.

Мелина ја виделе само неколку пати во блиската продавница.

– Се вселила, велат, пред неколку месеци, но не е чест муштерија. Можеби прави поголеми купувања на друго место, а застанала овде да земе вода и некои ситници, но не се сеќавам што купи. Беше скоцкана, ја замириса целата продавница со парфем кога влезе. Многу е убава, а сега што се случило меѓу неа и Харис не прашавме, вели продавачката.

Девојката што новинарите на српски Блиц ја сретнале попатно, им рекла дека луѓето знаеле за дечкото на Мелина уште пред таа да дојде во овој комплекс.

– По градските кругови се знаеше дека таа има момче. И самата тоа го зборувала, не го криеше тоа. Сите во теретаната каде што тренира тоа го знаеја. Тој човек дури и ја носеше на тренинзи. Мислам дека таа тоа го зборуваше за приказните да стигнат до Харис. Тука сум ја видела двапати откога дојде, но тој човек, не. Велат дека е некој бизнисмен и дека полн како брод – вели девојката која не сакала да ѝ се открива идентитетот бидејќи се дружи со пријателки на Мелина:

– Ги познавам тие жени со кои одеше на патувања. Знам дека Харис нив ги обвинува што Мелина почнала да излегува и што го оставила, но јас не мислам така. Мелина почна да се дружи со различни луѓе и да излегува за да излезе од дома. Претходно децата беа мали, па околу нив доста време поминуваше.

Понатаму, екипата на српски Блиц се сретнале со извесна госпоѓа во соседниот фризерски салон, која им рекла дека не се грижи за Мелина, колку за Харис.

– Мислам дека тој е повреден иако зборува дека не му е гајле. Мислам дека токму неа не ѝ е гајле, зашто продолжи понатаму. Познавам некои нејзини пријателки и мислам дека ѝ се добри советодавци што би се рекло да не остане без ништо. Таа мислеше куќата да ја остави на децата, но сега е гневна поради изјавите на Харис и сега ќе тргне во напад да го олусти колку што може. Ќе профитира таа од разводот – вели госпоѓата.

– Ја сретнав еднаш во гаражата, но не разговаравме. Малку е изместена од комплексот бидејќи зградата ѝ е однадвор, па никој не ја гледа толку често, иако е и ноќна птица. Велат дека таму ја гледаат само после седум часот навечер, додава госпоѓата за српски Блиц.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....