Одбележувањето на 1 Мај е поврзано со работничките права, а не со формирањето на Илуминатите

Фото: Satheesh Sankaran auf Pixabay

Во текот на историјата на 1 Мај во различни години биле формирани Илуминатите (1776 година), се прославувала Валпургиска ноќ (од 1892 година до ден денеска се прославува во скандинавските земји), но исто така во 1886 година почнале протестите во Чикаго за работничките права. Но, трите работи не се поврзани едно со друго, датираат од различни периоди, од различни делови на светот географски и историски, така што теорија на заговор е да се тврди дека сите го слават сатаната затоа што 1 Мај се одбележува на истиот датум кога  биле формирани Илуминатите. На 1 Мај не се прославува сатаната, туку во најголемиот дел од светот како и во Македонија 1 мај е ден на трудот и се одбележува со протести за работничките права

Во текот на историјата на 1 Мај во различни години биле формирани Илуминатите (1776 година), се прославувала Валпургиска ноќ (од 1892 година до ден денеска се прославува во скандинавските земји), но исто така во 1886 година почнале протестите во Чикаго за работничките права. Но, трите работи не се поврзани едно со друго, датираат од различни периоди, од различни делови на светот географски и историски, така што теорија на заговор е да се тврди дека сите го слават сатаната затоа што 1 Мај се одбележува на истиот датум кога  биле формирани Илуминатите. На 1 Мај не се прославува сатаната, туку во најголемиот дел од светот како и во Македонија 1 мај е ден на трудот и се одбележува со протести за работничките права

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Празнувањето 1 мај е мајтап со човештвото!
Тоа е денот што сатанистите му го посветија на Луцифер.
Ноќта од 30 април до 1 мај е наречена Валпургиска ноќ и е еден од најважните сатанистички празници, редовно вклучува ритуали и човечки жртви.
И на 1 мај 1776 година, беше основано тајно сатанско братство наречено Илуминати. Целта на тоа братство беше и сè уште е – со светска револуција да го уништи претходниот начин на живот, поредокот и моралните норми и да предизвика создавање на Нов светски поредок со Луцифер на чело!
Користејќи го своето големо влијание во Америка, тие организираа работнички демонстрации во Чикаго и конфликт со полицијата на 1 мај 1886 година. После тоа, официјален договор е постигнат во 1889 година во Париз, кога се одржал првиот конгрес на комунистичката Втора интернационала. Во него, покрај комунисти, учествувале масони од секаков вид, спиритуалисти и окултисти. Одлучено е секоја година да се одржува пролетен празник на трудот и тоа да биде спомен на „паднатите“ работници во пресметката со полицијата во Чикаго.
Тајното друштво успеа да постигне целиот свет на 1-ви мај, под превезот на „хуманизмот и заштитата на работничките права“, всушност да го слави нивниот роденден, односно денот на неговото основање и на тој начин да го слави и слави Луцифер, т.е. Сатаната. , заедно со нив.
Треба да се има предвид дека измамата во која живееме е голема и дека влијае на секој сегмент од животот на човекот.

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме,  1 Мај не се одбележува  поради создавањето на Илуминатите, туку поради настан кој се случил подоцна во историјата на човештвото и тоа сосема на друга локација споредено со формирањето на групата на Илуминатите. Имено, одбележувањата на 1 Мај се проследени со протести за работничка солидарност.

Како дошло до тоа да се одбележува 1 Мај како ден на трудот? Конотацијта за 1 Мај потекнува од 1886 година, кога 200 илјади Американски работници почнале протести за да им биде овозможен работен ден од 8 работни часови.

Но, овој протест кој почнал како борба за осумчасовен работен ден, прерасна во Хејмаркетски немири.

На 1 мај 1886, во Чикаго имало масовни демонстрации со барање работниот ден да трае 8 часови. Овие протести на 4 мај прераснаа во немири каде била фрлена бомба врз полицијата по што загинале најмалку 7 полицајци и 4 работници. За смртните случаи во Хејмаркетските немири се осудени осум анархисити и тоа на смрт и на 15 годишна казна затвор.

Во 1889 година на Меѓународниот работнички конгрес во Париз  беше објавено дека во спомен на Хејмаркетските немири 1 Мај ќе биде интернационален празник на трудот, кој сега во светот на многу места е познат како Меѓународен ден на трудот.

Во 1889 година, Втората интернационала, тело на социјалистичките и работничките партии, одржа конгрес во Париз, откако францускиот синдикалист Рејмонд Лавињ изнесе предлог со кој повика на светски протести на годишнината од демонстрациите во Чикаго.

Хејмаркетските немири во Чикаго го создадоа Први мај, симбол на вечната работничка борба за поголеми права и подобар живот со најбитниот актер во сето тоа – работникот.

Точно е дека 1 Мај бил историски поврзан со рурални пагански фестивали, дека е денот кога биле формирани Илуминатите (во 1776 година) но тоа значење на денот не е исто со денешното поврзување на 1 Мај со работничкото движење, туку е чиста коинциденција.

Особено што Илуминатите се формирани повеќе од 100 години пред 1 Мај да биде одбележуван како ден на трудот, односно во 1776 година од страна на Адам Ваисхаупт, професор по право на Универзитетот во Инголстад. Основачот на редот на Илуминатите формирал тајна организација за да им се спротистави на религиозните влијанија врз општеството и на злоупотребата на моќ од страна на државата, со создавање на безбедно место за критика, дебата и слободен говор.

Ваисхаупт верувал дека општеството не треба да биде диктирано од религијата, туку сакал да создаде состојба на морална еднаквост каде знаењето не е ограничено од религиски предрасуди, пишува Би Би Си.

Не постојат никакви поврзаности меѓу Илуминатите и масоните со фактот што во 1889 година, Втората интернационала, тело на социјалистичките и работничките партии на конгрес во Париз предложиле 1 мај да се одбележува во спомен на убиените демонстранти во Чикаго.

Основачот на Илуминатите Ваисхаупт бил протеран и се преселил во Регенсбурнг каде предавал на Универзитетот од Готинген, каде останал до смртта на 18 ноември 1830.

Сепак, идејата за тајно друштво кое протестира против државата, е дел од бројни фантазии и теории на заговор оттогаш, бидејќи уште има луѓе што веруваат дека Илуминатите никогаш не биле уништени.

Дури и денеска теоретичарите на заговори велат дека организацијата заткулисно работела да ги тргне авторитетите, па ги обвинуваат за Француската револуција, убиството на претседателот на САД Џон Ф Кенеди па дури и за терористичкиот напад на 11 септември 2001, пишува Би Би Си.

Во 2024 година точно е дека во некои држави во Северна Европа и Скандинавија уште се прославува Валпургиската ноќ и ова е поврзано со заминувањето на зимата и доаѓањето на пролетта. Палењето огнови е важен дел од традицијата за овој фестивал, кој се одржува во мали градови и села со цел да се пречека новиот живот (пролетта), будењето на природата.

Како што пишува Британика, во Шведска типичните прослави вклучуваат пеење традиционални пролетни песни и палење огнови. Во Германија се прославува со маскирање и со креирање гласни звуци за кои се верува дека треба да го избркаат злото. Многу луѓе, исто така закачуваат гранчиња на куќите и шталите со верување дека тоа ќе ги заштити од злите духови. Во Финска Валпургиската ноќ и 1 Мај се споени во една прослава наречена Ваппу.

Потеклото на празникот датира од паганските прослави на плодноста и доаѓањето на пролетта.

Во текот на историјата на 1 Мај во различни години, точно е дека биле формирани Илуминатите (1776 година), точно е дека се прославувала Валпургиска ноќ (од 1892 до ден денеска се прославува во скандинавските земји), и точно е дека почнале протестите во Чикаго за работничките права. Но, трите работи не се поврзани едно со друго, датираат од различни периоди во времето, од различни делови на светот географски и историски, така што теорија на заговор е да се тврди дека сите го слават сатаната затоа што 1 Мај се одбележува на истиот датум кога Илуминатите биле формирани. На 1 Мај не се прославува сатаната, туку во најголемиот дел од светот како и во Македонија 1 Мај е ден на трудот и се одбележува со протести за работничките права. Дополнително е чудно наведеното дека Илуминатите сакале светот да го прославува денот на нивното формирање, а самиот свет да не биде ниту свесен за тоа (бидејќи луѓето одат на демонстрации за работнички права каде не се ни дискутира кога биле формирани Илуминатите).

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција