Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Владата е тука за да решава проблеми, а не да ги критикува и обојува синдикатите

„Кога работниците укажуваат дека тешко се живее, дека се потребни најмалку три минимални плати за потрошувачка кошничка, очигледно имаме проблем. Но тенденцијата на владата е опасна, фрлајќи партиско обележје на било кое барања и група кога имаат реални проблеми, кои владата едноставно треба со својата работа да ги реши“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.

Тој додаде дека Владата е тука за да ги решава проблемите, а не да ги критикува барањата на синдикатите и да ги бележи дека се обоени со ваква или таква боја или да бараат некакви конекции.

„Тоа што не се излегува во пресрет на барањата на работниците е немање на демократски капацитет и волја нешто да се напарави повеќе за нив. Кога тоа ќе стави заедно со лошите економски политики, лошите предвидувања од ММФ, лошата реалзиација на капитални инвестиции, помалку од 3 проценти во првите месеци, за разлика од 12 на почетокот на 2024, со одливот на работна сила, и со јасното укажување дека лоша прогноза за економијата е тоа што нема реформи, очигледно владата е лош менаџер. И може да очекуваме само дополнителни кризи“ рече Филипче.

МАКЕДОНИЈА

Филипче: Решенијата за реформи во судството се работени со ЕУ и се на маса, ја повикувам владејачката коалиција да ги донесе

ДЕСК

„Вистински промени се можни само со вистински реформи, а не со притисоци и закоани. Ги повикувам уште еднаш, целата владејачка коалиција и ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и Влен, да се вразумат и да го почнат патот на реформите“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.

Тој додаде дека решенијата за реформи во правосдуството се спремни и на маса, работени заедно со претставници на ЕУ и преточени во Реформската агенда и Планот за раст кој го подготви владата на СДСМ, а го потпиша премиерот Мицкоски пред неколку месеци во Брисел.

„Таму се содржани повеќе закони, меѓу кои и закони кои се однесуваат на обвинителството и на судскиот совет и за платите на судиите и движење на судски предмети. Работи кои треба да се случат за да се стави ред во тој систем и да фунцкионира согласно европските норми и критериуми, а кај граѓантие да се врати довербата“ рече Филипче.

Тој додаде дека законите се спремни и СДСМ е подготвена да ги поддржи сите закони кои се во Реформската агенда и да ги гласа заедно со владејачкото мнозинство.

„Дополнително што тие закони се поврзани со финансиски средства и грантови. Целокупниот пакет е 800 милиони евра помош за Македонија. Но, за жал од триесетина закони кои се во планот да се донесат до јули 2025, само еден е донесен, ниту еден друг не е во собраниска процедура“ рече Филипче.

✖