Поврзете се со нас

Англија

Покетино за чекорите по пенал циркусот: Дисциплината е многу важна…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси го уништи Евертон на средбата од Премиер лигата, но наместо да се говори за нивното издание и славјето од 6-0 досега се зборуваше за пенал циркусот на „Стемфорд Бриџ“.

Тројца играчи се тегнеа кој да биде изведувач на ударот од 11 метри, поточно во фокусот беа Мадуеке и Џексон кои сакаа да ја „украдат“ топката на Палмер кој е задолжен за пеналите.

Непотребен циркус: Челси водеше 4:0, тројца играчи се „тепаа“ кој да изведе пенал (Видео)

Челси победи 6:0, Покетино бесен на сликата која ја оставија неговите играчи: Ова е срамно и не смее да се повтори! (Видео)

На крајот се заврши како што се заврши, поминаа неколку денови од тоа што се случи, а тренерот Маурисио Покетино откри дека се преземале чекори таа ситуација никогаш да не се повтори.

-Многу разговаравме по понеделникот. Вежбавме пенали и разговаравме. По натпреварот јасно ставивме до знаење дека имавме средба меѓу играчите и стручниот штаб, а таму беа спортските директори Пол и Лоренс. Сега треба да продолжиме понатаму. Мора да бидеме паметни. Тие се паметни и ја разбираат ситуацијата.

-Во еден момент тоа не беше слика што ни се допаѓа, но во друг момент, добро е што играчите сакаат да преземат одговорност. Но, тие треба да ги почитуваат правилата. Дисциплината е многу важна, -порача Аргентинецот пред соочувањето со Манчестер Сити во ФА Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни