Арсенал лесно преку Борнмут за продолжување на битката за титулата (ВИДЕО)

Арсенал на домашен терен лесно се справи со Борнмут, за да ја продолжи битката за првото место на табелата и шампионската титула со Манчестер Сити.

И покрај убедливиот резултат и фаворитската улога, отпорот на гостите беше скршен дури во 45. минута од средбата, кога Букајо Сака од пенал донесе водство за „топчиите“.

Во 70. минута Тросар на асистенција на Рајс успеа да донесе 2-0 и да го доближи тимот до победата, за Рајс во судиското надополнување за печат на триумфот и три бода.

 

Се вчитува...