Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ има план и визија, пензионерите ќе добијат по 5.000 денари линеарно покачување, 800 милиони евра ќе се вложат во земјоделието, граѓаните масовно да излезат на избори

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ има план и визија, пензионерите ќе добијат по 5.000 денари линеарно покачување, 800 милиони евра ќе се вложат во земјоделието, граѓаните масовно да излезат на избори

Како што нашиот градоначалник во Свети Николе две и пол години гради, така ќе работи идната централна власт, односно владата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

„Овде се гради со визија, со стратегија со план и тоа граѓаните го чувствуваат. Денеска ќе оствариме средба и со пензионерите и со земјоделците, да ги видиме категориите на граѓани кои беа отфрлени од СДС. Тука сме да ги понудиме нашите проекти, да кажеме дека по 5.000 денари линеарно ќе ја зголемиме пензијата на сите пензионери и да кажеме дека 800 милиони евра ќе вложиме во земјоделието. Тука сме да кажеме дека е дојдено времето за промени, тука сме да потврдиме дека Гордана Силјановска Давкова треба да биде идниот претседател на Република Македонија. Сите граѓани ги замолувам и повикувам на 24 април да излезат и масовно да се приклучат на промените, да го дадат својот глас за горда Македонија, за твоја Македонија, рече Ковачки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста