Откако сите учесници на ЕВРО 2024 година станаа познати, букмејкерите веднаш се „фрлија“ во акција и ги дадоа прогнозите за тоа кој ќе биде победник на Европското првенство кое ќе се одржи во Германија.
Според обложувалниците, најголеми шанси за освојување има селекцијата на Англија, а по неа следуваат Франција, Германија, Шпанија и Португалија. Најмали шанси ми се даваат на Албанија, Грузија, Словенија, Словачка и Романија.
Шансите за освојување на ЕП според обложувалниците и коефициентите:
Англија 4
Франција 4,5
Германија 7
Шпанија 8
Португалија 9
Италија 15
Белгија 15
Холандија 17
Данска 26
Хрватска 41
Швајцарија 41
Турција 51
Австрија 67
Србија 67
Шкотска 81
Унгарија 81
Украина 81
Полска 81
Чешка 101
Романија 151
Словачка 151
Словенија 151
Грузија 151
Албанија 201