Силно се надевам дека следниот пат заедно ќе положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, пренесува БГНЕС.

-Јас предложив тоа да се случи и денеска, но не беше прифатено од македонска страна, но многу верувам дека следната година нема да биде така“, рече Демерџиев.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи е на чело на бугарската делегација, која ќе оддаде почит пред гробот на Гоце Делчев.

Пред гробот на водачот на ВМОРО се очекува да се поклонат околу 100-150 Бугари. Министерот Демерџиев најави дека има податоци за запрени Бугари долж границата со РСМ