Денес се сеќаваме на нашиот истакнат писател и хроничар на градот Скопје Данило Коцевски

Данило Коцевски е роден на 23 април 1947 година во Куманово. Тој беше истакнат македонски книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет.

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во весникот „Млад борец“ и Македонската радио-телевизија. Бил главен уредник на списанието „Разгледи“ – Скопје. Членувал е на Друштвото на независните писатели на Македонија и во Македонскиот ПЕН центар. Познат е како хроничар на градот Скопје поради своите статии објавувани во „Нова Македонија“ и емисиите на Македонската телевизија. Бил директор на Струшките вечери на поезијата.


Книжевно творештво:

Критики и есеи;


  • „Да и не“ (1981)
  • „За новите тенденции“ (1984)
  • „Сепак се движи“ (1985)
  • „Критиката како заблуда“ (1988)
  • „Поетиката на постмодернизмот“ (1989)
  • „Антиномиите на критиката“ (1989)
  • „Модерно и постмодерно“ (1993)
  • „Постмодерни текови“ (1996)
  • „Нови есеи“ (2001)
  • „Побуна на интелектуалците“ (2007)

Романи;

  • „Одисеј“ (1991)
  • „Ќе одиме ли кај Џо“ (1992)
  • „Јустинијана, градот кој го нема“ (1999)
  • „Роман за Ное“ (2003)
  • „Пиколомини пред портите на Скопје“ (2005)

Проза;


  • „Патување за Аркашон“ (1989)
  • „Магијата на Скопје“ (1997)

Поезија;

  • „Каде се раѓа песната“ (1992)
  • „Поетовата смрт“ (1995)

Одделни текстови му се објавени на англиски, француски, руски, романски и португалски. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).

Добитник е на наградите:

  • „Рациново признание“
  • „13 Ноември“
  • „Млад борец“

Починал во Скопје на 13 септември 2020 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …