Објавено на:

Метео предупредување: Вечерва ќе дува многу силен ветер над 80 километри на час

t

До крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места ќе има снег, а на пониските дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што информираат оттаму, ќе дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен, над 80 километри на час, а на планините и над 90 километри на час. Тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата.

Во Скопската Котлина ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд кој во делови од котлината кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе преминува во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува.

Денеска до 16 часот на Попова Шапка висината на снежната покривка била 64 сантиметри, во Маврови Анови 16, Лазарополе 13, Крушево и Ѓуриште 5, Берово 4 и 2 сантиметри во Крива Паланка. Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, 5 литри на метар квадратен.

Ниските температури ќе се задржат и во наредните денови, во понеделник наместа и дневните ќе бидат под нулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Метео: Од денес почнува снежната бајка во…

Времето наутро во оддделни котлини ќе има…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Денес времето облачно и магловито

Променливо облачно, по одделни котлини со услови…