Регион

Три лица повредени во собраќајна несреќа во Струмица

На 4.2.2024 година во 21.58 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локалниот пат Струмица – село Просениково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од село Доброшинци, струмичко и патничко возило „мерцедес” со бугарски национални ознаки, управувано од С.Т.(39) од село Градско Балдовци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и Т.Н.(47) од село Пиперево, струмичко, сопатникот во патничкото возило „ауди”, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мерцедес”, констатирани во Медицински центар Струмица.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Препорачуваме:

Во ООУ „Никола Вапцаров“ и Клон 6 на градинката „Детска радост“ се врши мерење на квалитетот на воздухот

Ѓ. K.

Тренчевска: Финансиската поддршка е добредојдена во семејствата на ранливите категории граѓани

Ване Трајков

Привршуваат работите во училиштето во Седларци