Газдата на Челзи бара трпение: Од Божиќ наваму, ние сме четвртиот најдобар тим во Премиер лигата

Сопственикот на лондонскиот Челзи, американскиот бизнисмен Тод Боли, верува дека за Сините доаѓаат подобри времиња, само побара трпение од навивачите.

Иако Боли потроши огромни средства за засилување на тимот, Челзи ги нема посакуваните резултати, најмногу поради лошиот прв дел од сезоната. Сега Челзи има серија од три победи по ред во Премиер лигата и се бори за излез на европска сцена, макар и во Конференциската лига.

„Треба да бидеме трпеливи. Не трошиме пари, туку ги инвестираме. Од Боксинг деј наваму, ние сме четвртиот најдобар тим во Премиер лигата. Чувството се подобрува од ден во ден“, изјави Боли.

- Оглас -

Најнови вести