Top Sport

Гвардиола: Дуелите меѓу Сити и Реал стануваат класика

Реал Мадрид вечерва ќе го пречека Манчестер сити во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Сити и Реал ќе се сретнат по четврти пат во последните пет години.

„Пред две години Реал не елиминираше, минатата сезона ние го елиминиравме Реал. Натпреварите меѓу нас и нив стануваат голема класика“, изјави Гвардиола.

„Имаме нови играчи, така што ќе бидат сосема различни натпревари. Реал го промени начинот на игра, но не радикално“, додаде Гвардиола.

Гвардиола истакна дека Винисиус Жуниор, Џуд Белингем и Родриго претставуваат најголема опасност за неговиот тим.

„Сите ја знаат колку се силни во транзицијата. Мораме да се обидеме да ги запреме, да ги казниме нивните грешки и да покажеме дека дојдовме да постигнуваме голови“, додаде Гвардиола.

Сити ќе му гостува на Реал во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.

„Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра. Мораме да дадеме се од себе ако сакаме да бидеме конкурентни со Реал во Мадрид“, заклучи Гвардиола.

На тие последни четири натпревари на овие две екипи во Лигата на шампионите беа постигнати 17 голови. Во меѓусебните дуели Сити забележа четири победи, Реал три, додека три натпревари завршија нерешено.

Scroll to Top