Македонија
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад, велат од СДСМ
Платформата на ДПМНЕ се само нови лажни ветувања, по примерот на Скопје, велат од СДСМ.
„ДПМНЕ ги изневери граѓаните на Скопје, ништо од ветеното не реализираше, а сега излегува со нови лажни ветувања. Наместо модерен град, Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, јавни претпријатија во долгови. Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови“, дополнуваат од СДСМ.
Според нив промовираната Платформа 1198 на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.
„Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ“, завршуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Варјехи: Очекувам со Силјановска да работиме на забрзување на реформите за преговорите со ЕУ
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, и’ ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на изборите.
„Честитки за новата претседателка на Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Сиљановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори“, наведе Вархеји во честитката на платформата „Икс“.
Congratulations to the new President of North Macedonia!
Looking forward to working w/ 🇲🇰President Gordana Siljanovska-Davkova to speed up the necessary reforms to move forward in the 🇪🇺accession negotiation process.@gogamkd
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) May 8, 2024
Македонија
Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје
Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје.
„Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и, пред сѐ, Копенхашките критериуми за членство. А тоа би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“, вели Радев.
Како што додаде, во изборната кампања се разгорел говор на омраза, кој треба да запре, а натаму е неопходна е ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство.
Македонија
ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки
Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во новиот собраниски состав.
Зад неа е коалицијата на ДУИ, со освоени 19 пратенички мандати.
СДСМ на овие избори освои 18 мандати.
Коалицијата „Вреди“ има 13 мандати во Собранието, а по шест мандати имаат Левица и партијата ЗНАМ.
По овие резултати на ДИК, измени од синоќешната објава има кај коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, која изгуби еден мандат, и ЗНАМ, која има еден мандат повеќе.