Бочварски: Во среда масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 1!

За да се движиме кон европското семејство единствено е возможно ако за претседател има човек кој е проевропски, посочи денеска Благој Бочварски, додавакќи дека кандидатот Стево Пендаровски е единствениот кој може да ја води најсериозната функција во државата.

Почитувани граѓани, Основен предуслов за да продолжиме да се движиме по патот кон Европското семејсто е на чело на државата да биде човек кој што е проевропски, кој достоинствено и пристојно ќе ја извршува функцијата претседател на државата. Единствениот од кандидатите кој докажа дека може достоинствено да ја води најсериозната меѓу политичките функции е сегашниот и иден претседател Стево Пендаровски. Јасно е дека ние можеме да одиме напред само како демократска и просперитетна држава која ги чува витални и ги одржува стратешките континуитети: евро-атланските интеграции, меѓу етничките односи. Претседателот Пендаровски беше директно вклучен во преговорите за членство во НАТО како координатор, а потоа и како претседател, со што стратешките цели ги остваруваме, се позиционираме на меѓународна сцена таму каде што ни е местото на главната маса со најсилните. Затоа денес Македонија во време на два конфликти еден во Европа, а вториот на блискиот исток граѓаните се сигурни и безбедни. “ – вели Бочварски.

Со цел повисок стандард и подобар живот за граѓаните, во среда да излеземе сите масовно и да го оствариме своето право на глас – повика Бочварски. Тој упати апел граѓаните да го дадат гласот за Европска Македонија.

Лаура Стојанова М-Нет