Во Африка откажан натпревар поради дресови

Натпреварот помеѓу алжирскиот УСМ и РС Беркане од Мароко е откажан во последен момент поради дресови.

Проблемите настанале поради дресовите кои ги носи мароканскиот тим. Според медиумите, алжирската полиција ги запленила дресовите на РС Беркане на граница поради тоа што на нив имало мапа на Мароко вклучувајќи ја и Западна Сахара.

Речиси 80 отсто од територијата на Западна Сахара е под контрола на Мароко, но сепаратисти поддржани од Алжир не ја признаваат управата и контролата од страна на мароканските власти.

Токму поради Западна Сахара, Алжир во 2021 година ги прекина дипломатските односи со Мароко.

Претседателот на Фудбалската федерација на Алжир, Вафи Сади, во саботата најави дека тие обезбедиле „високо квалитетни дресови“ за мароканската екипа, но без контроверзната за нив мапа на Западна Сахара.

Непосредно пред почетокот на натпреварот, спортскиот директор на УСМ, Туфик Коричи, објави дека натпреварот нема да се одигра бидејќи тие одбиваат да излезат на теренот со други дресови.

- Оглас -

Најнови вести