НОВА ОДЛУКА НА РАМЗАН КАДИРОВ: Контроверзниот 16-годишен син го поставил за надзорник на школата за специјалци

85

Адам Кадиров, син на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, стана надзорник на чеченското училиште за обука на специјални сили. Рамзан Кадиров објави дека неговиот 16-годишен син Адам Кадиров е назначен за надзорник на школата за обука на чеченските специјални сили во Гудермес.

Веста предизвика многу внимание и контроверзии, со оглед на поновата историја на Адам.

Адам Кадиров ѝ стана познат на јавноста минатата година откако на интернет беше објавена снимка на која тој го тепа рускиот тинејџер Никита Журавел.

Овој настан предизвика бројни осуди, но и пофалби од неговиот татко, кој истакна дека е горд на својот син за неговите „идеали за чест, достоинство и одбрана на верата“.

По овој инцидент, Адам добил бројни награди и почести, вклучително и назначувањето за главен телохранител на неговиот татко, како и улога на набљудувач во новиот стрелачки баталјон.

Овие назначувања наидоа на различни реакции во јавноста, но секако дополнително го истакнаа младиот Кадиров во јавноста.