Крај на пеколниот период за Куртоа – се враќа на теренот

од Симе Стоиков

Првиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа наскоро би можел да се врати на теренот, најави тренерот на „кралскиот клуб“ Карло Анчелоти.

Tренерoт на Реал, Карло Анчелоти изјави дека белгискиот голман Тибо Куртоа треба да се врати на теренот за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.

На 20 март, Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено, и тоа веднаш по враќањето на тренинзите по долгата пауза.

Белгиецот уште во август ги оперираше лигаментите на коленото, долго се опоравуваше, а веднаш по враќањето во посилен тренажен ритам му се случи нов пех. Сега сето тоа е зад него.

Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.

„Куртоа добро се опоравува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.

Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.

Слични содржини