Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на изборите во школите ако се најде друго решение

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на изборите во школите ако се најде друго решение

пред 2 недели

Министерот за образование Јетон Шаќири е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за одработување во саботи на 24 април, 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни денови за сите граѓани поради изборите и 30.11.2023 кој беше прогласен за неработен поради Самитот на ОБСЕ во Скопје. Во Министерството за образование се бара решение како неработните денови да се надоместат во периодот од понеделник до петок за да не се оптоваруваат дополнително ниту учениците, ниту наставниците ниту пак родителите.

„Го разбирам револтот, но дописот морав да го испратам оти има законска обврска учебната година да трае 180 работни денови. Свесни за реакциите, најмногу реагираа родителите, еве денес се обидуваме во Министерството да најдеме некое друго решение за да се одработат деновите кое нема да значи да се оди на школо во сабота. Бараме начин како да се надополнат часовите во текот на работната недела од понеделник до петок и сите опции се во игра. Доколку најдеме решение, нема да се учи во сабота“, вели министерот Шаќири за „Макфакс“.

Од неговиот кабинет објаснија дека сериозно го разгледуваат барањето од претседателот на СОНК, Јаким Неделковски кој побара министерот да го повлече дописот за одработување на неработните денови оти Владата ги прогласи за неработни за сите граѓани.

„Одлуката на МОН за надоместување на наставата која е предвидена да се реализира во деновите на гласање, односно 24 април и 8 мај, како и на 30 ноември 2023 година кога се организираше самитот на ОБСЕ во Скопје, се базира на одредбите од Законот за основно образование кој предвидува во една учебна година да има 180 наставни денови. Доставениот допис од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура за промена на донесената одлука, ќе биде разгледан со должно внимание и уверуваме дека доколку постои поинаков алтернативен начин за регулирање на предизвикот во согласност со правните прописи, ќе биде соодветно постапено. Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја“, велат од Кабинетот на министерот Шаќири.

Минатата недела министерот за образование преку допис ги извести основните училишта дека треба да ги одработат неработните денови за изборите и, а училиштата во Скопје и неработниот ден за Самитот на ОБСЕ. За рабтни им ги прогалси саботите на 18 мај и на 1 јуни  кога ќе ги одработат деновите за изборите, а на 15 јуни, пак, согалсно дописот, треба да го одработат неработниот ден од Самитот на ОБСЕ.

Текстот Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на изборите во школите ако се најде друго решение е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top