al palpojo 2020

„Лавиринт на вистината“ од Оливера Јовановска во Сакам книги во Скопје

27 Јануари 2023

Првиот роман од писателката Оливера Јовановска „Лавиринт на вистината“ деновиве читателите можат да го купат во книжарниците „Сакам книги“ во Скопје или да го нарачаат on line на 02 312 2708.

Коментарите за романот се повеќе од позитивни. По промоцијата во Охрид одржана во средината на јуни , минатата година, мнозина што ја прочитале велат дека секој што допрва ќе го чита романот ќе се пронајде во некој опишан настан меѓу кориците.  Авторката Оливера долго време живееше во Австралија и романот е во стилот како да е американски филм.

„Лавиринт на вистината“ претставува интересно четиво во кое дефилираат различни карактери кои во различни животни периоди се составен дел од околината на централниот лик Ели. Авторката успешно ги обработила и претставила карактерните особини и психолошкиот профил на најважните експоненти во делото преку убедливо обработените меѓусебни сложени интеракции. Користи шеги, интриги, стари, поучни поуки, создава и оживува сцени, измислува места на дејства кои пластично ги елаборира за да биде романот интересен и занимлив за читателот. Во романот животот на Ели  се следи уште од најраното детство, па сѐ до возраста кога постанала мајка на три сина, и до моментот кога ја запознава вистинската љубов од нејзиниот живот. Ели е дете на разведени родители. Кога бракот се распаѓа двајцата партнери патат секој на свој начин, но децата патат повеќе – не добиваат подеднаква љубов од двајцата родители и поради тоа чувствуваат празнина не само во својата душевна надградба туку и од празнината која ја носат секојдневно со себе, пишува Јовановска.

Покрај на македонски романот „Лавиринт на вистината“ преведен е на албански и англиски јазик и трите изданија можат да се купат или нарачаат on line во книжарниците „Сакам книги“ низ Скопје.

Публицитет.мк

Прочитано 410 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter