Чилаверт нема почит кон мртвите, жестоко го навреди покојниот Меноти

Додека фудбалскиот свет жали за тренерската легенда Цезар Луис Меноти, кој почина на 85-годишна возраст, тоа чувство не го дели поранешниот парагвајски голман Хозе Луис Чилаверт.

Чилаверт на социјалните мрежи се радува на смртта на легендарниот Аргентинец под чие водство оваа јужноамериканска земја во 1978 година првпат ја освои светската титула.

„Ние мајмуните уште сме живи и немаме деца зависници од дрога. Во 90-тите ги разбивме сите со Велез“, објави Чилаверт на социјалните мрежи по смртта на Меноти.

Омразата на Чилаверт кон Меноти датира од 1998 година. Тогаш во пресрет на мечот меѓу Велез Сарсфилд и Индепендиенте, Меноти го навреди Чилаверт и рече дека треба да го носат во училиштата за децата да видат како изгледал човекот пред 40 милиони години бидејќи Чилаверт прво е мајмун, а потоа човечко суштество.

Парагвајскиот голман и аргентинскиот тренер уште малку продолжиле да си разменуваат лични навреди, но потоа застанале и молкот траел до вчера кога Чилаверт ја напиша објавата со која згрози многумина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести