Вести Македонија Топ вести

Продолжува хаосот во јавниот градски превоз во Скопје

Приватните превозници утре со 30 автобуси и 300 лица ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“ односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Од „Слобода Превоз“ велат дека не се знае времето на протестот и се планира истиот да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови протестот ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје. Во рамките на своите активности за решавање на актуелниот проблем утре „Слобода превоз“ треба да оствари средба со УО на ЈСП. Исто така претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.

И утре ќе продолжи хаосот со автобускиот превоз за Скопјани. Цела недела приватните автобуси не возат, а се уште не склучија договор со ЈСП за исплата на долг од над милион ипол евра кој што ги спречува превозниците да ги пуштат автобусите да возат. Граѓаните се приморани да ги користат само автобусите на ЈСП кои ги заменуваат  приватните, но не се редовни во нивната траса па создаваат гужви во сообраќајот, а според првиот човек на синдикатот не се доволни.

Приватните автобуси за утре најавија нов протест. Овојпат велат дека автобусите ќе ги паркираат пред трговскиот центар Мавровка како една од најфрекфентните улици во главниот град. Изминатава недела помина и во препукувања со градоначалничката Арсовска, која пак тврдеше дека приватните автобуси издавале билети без фискални сметки. Но, директорот на приватниот превозник Слобода превоз Ленин Јовановски контра Арсовска. Со лично видео прикажува дека автобусите на ЈСП кои се под капа на градот, се тие кои не издаваат фискални.

Телма уште вчера побара одговор и од ЈСП за овој потег на Јовановски и дали ова претпријатие издава билети без фискални сметки, но до објавување на овој прилог не добивме одговор.

Во меѓувреме, јавноста излегоа и информации дека утре дел од автобусите на ЈСП нема да можат да возат затоа што немале нафта, но од претпријатието остро демнатира.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки- Мицотакис им се заблагодарил за соработката

Дејан Дејан

Ако Украина загуби, Путин нема да застане тука, Зеленски предупреди од голема руска офанзива наредните месеци

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе