ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Нивите празни, Македонија увезува 70% од храната

Нивите празни, Македонија увезува 70% од храната

Од некогаш значаен производител на храна, Македонија денес е сè поголем зависник од увоз на храна, дури и на земјоделски производи. Од Србија се снабдуваме со млеко и брашно, од Албанија ни доаѓаат домати и краставици. Во меѓувреме, големи земјоделски површини кај нас остануваат необработени.

„Можете да видите кај нас во нашето место дека стојат огромни површини државно земјиште не дадено под концесија. Додека државата од една страна зборува – се бориме да го зголемиме производството, за жал на терен сликата е многу поинаква….“, рече Јованчо Мечкароски-земјоделец.

Според податоците на Министерство за земјоделство и рурален развој на Албанија, извозот на земјоделски производи од Албанија во Македонија, минатата 2022 година бил драстично зголемен. За речиси 40% во финансиска вредност, а 32% по количина. Во исто време, извозот од Македонија во Албанија е намален за 22%. Експертите бараат нови политики, односно државата повеќе да му помага да земјоделството.

„Од година во година се зголемува бројот на необработените површини… Треба од корен да се смени односот кон земјоделието за да со мерките ги натераме луѓето да инвестираат во земјоделието“, изјави Мирослав Трајчески-агроном.

Храната која би се произведувала кај нас за домашни потреби треба дa биде по конкурентни цени за да се намали увозот од надвор, при што се одлеваат девизи.

„…За жал, од појавата на короната, кризата наваму со војната, импутот многу се покачи во земјоделието, репроматеријалите се зголемија неколкукратно. За жал, цената на готовиот производ на земјоделецот не го следеше тој пораст и тоа беше уште една дестимулација на земјоделецот да продолжи со откажување од земјоделството“, додаде тој.

Во моментов Македонија од увоз задоволува дури 70% од потребите за храна./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button