Путин редовно добива извештаи за нападот


Шефот на државата ги даде сите потребни инструкции, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Рускиот претседател Владимир Путин редовно добива извештаи за настаните во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, каде има голем број мртви и ранети, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Владимир Путин беше информиран за тоа што се случи во Крокус во првите минути од пукањето. Претседателот постојано добива информации за тоа што се случува и за мерките што се преземаат преку надлежните служби. Шефот на државата ги даде сите потребни инструкции“,

рече Песков.

Навалнаja им изрази сочувство на жртвите

Во меѓувреме, се огласи и Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Таа изрази сочувство за жртвите од пукањето во концертната сала „Крокус сити хол“. Сите кои биле вмешани во ова злосторство мора да бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, напиша Навалнаја на мрежата Икс.

Најмалку четириесет лица загинаа, а повеќе од 100 се ранети кога вооружени лица облечени во маскирни униформи отворија оган од автоматско оружје кон луѓето во концертната сала „Крокус“. Засега се уште не е јасно кои се напаѓачите.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: