Борел:Војната во Украина може да се заврши со поделба, како во Кореја

258
Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел оцени дека е „можно војната во Украина да не заврши, да закочи како во Кореја (1953) и да дојде до примирје и утврдуваер на линии на поделба“.
Борел во расправата во Центарот за меѓународни прашања во Барселона рече дека „тоа би можело да биде излез од војната, иако често се зборува кој би можел да победи“.

Тој, пренесува шпанскиот весник Вангвардија, напомена дека би било нужно, за расплетот на украинскиот вооружен судар како во Кореја, „украинската и руската страна да отстапат од своите ставови и да се откажат од барањата, бранењата или освојувањата на територии.

Шефот на европската дипломатија стави до знаење дека негова задача е и да ги убеди оние земји кои не сакаат да се вбројат на ниту една страна во украинската војна дека „таа злата страна во тој филм е Русија, а не санкциите на ЕУ“.

Корејската војна во 1953 година заврши со пакт за примирје и ненапаѓање потпишан од Северна Кореја и Соединетите Американски Држави како сојузник на Јужна Кореја, и во принцип, забележува „Вангардија“, таа требаше да доведе до конечен мировен договор, а земјата е сè уште поделена со демилитаризирана зона.

Борел, исто така, изјави дека „сè уште е рано да се размислува за какви било мировни преговори или да се размислува за каква било обнова на Украина, но сите напори треба да се фокусираат на избегнување понатамошно уништување“.

Според него, Европа не смее да дозволи да се заморува од војна, иако Европската унија во целина и онака не може да има важен глас во мировните преговори бидејќи Русија не дозволува ЕУ да биде соговорник.

„Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, секогаш сакаше директно да разговара со министрите на членките на Унијата, а не со мене“, објасни Борел.

Тој смета дека ЕУ сепак мора да биде на преговарачка маса „бидејќи санкциите се клучен елемент на какви било преговори и затоа што безбедноста во Европа е наша безбедност“.

Имајќи ја предвид штетата предизвикана од последиците од украинската војна, како што е скокот на цените на енергијата и храната, шефот на Европската служба за меѓународни односи и безбедност (ЕЕАС) посочува дека решенијата за проблемите создадени од војната треба да да се бара.