26.8 C
Скопје
16:20 - 6 мај, 2024

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Јелена и Новак Ѓоковиќ синоќа се појавија на доделувањето на спортските награди „Лауреус“ во Мадрид, каде тенисерот повторно ја доби оваа престижна награда за најдобар спортист.

Парот беше модно усогласен на црвениот тепих. Тие се појавија во црни модни комбинации – Новак облече црн костум со машна, а Јелена блесна во елегантен црн фустан кој ги откриваше нејзините раменици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Јелена ги воодушеви сите со својот избор на фустан, дизајниран од српската модна дизајнерка Драгана Огњеновиќ, кој чини околу 500 евра. Покрај фустанот таа носеше дискретен, но скап накит, а косата ѝ беше во елегантна пунџа.

Како што пишуваат српските медиуми накитот кој Јелена го носеше е со потпис „Картие“, а цените на парчињата се вртоглави. Имено, ѓерданот има 71 дијамант од 7,98 карати и 142 дијаманти од 6,77 карати. Цената на официјалната веб-страница е 194.000 долари. Обетките што ги носеше се од истиот бренд како и ѓерданот, составен од 19 дијаманти од 1,64 карати и 10 дијаманти од 2,25 карати. Нивната цена е 78.500 долари. На раката носеше прстен чија цена е блиска до цената на обетките.

Единствено не се знае дали Јелена го купила овој накит или „Картие“ ѝ го дал да го носи, како што прават најголемите ѕвезди за престижни настани како Оскари, Греми и слично.

Слични објави

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо
Се вчитува....