Кривична пријава против директорка на детска градинка од Велес

t

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.

Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски потпиша договор за безбедност со Белгија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска во Брисел…

Дали овој производ се продава и кај…

Хрватска повлече од продажба сендвич со шунка…

1.408 ПУШКИ ОД ВОЈНИТЕ ПРОНАЈДЕНИ ВО БИТОЛА:…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во близина…

Во Србија ќе биде екстрадиран убиецот на…

Судот во Шпанија ја одобри екстрадицијата во…

Денеска ќе биде конституиран новиот парламентарен состав

Во Собранието денеска во 11 часот треба…