Бајден го потпиша новиот пакет воена помош за Украина и Израел

Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша новиот пакет воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел, Тајван и другите сојузници на САД, нагласувајќи дека Вашингтон ќе започне да испраќа нова помош за Киев за неколку часа.

– Штотуку го потпишав пакетот за национална безбедност што беше усвоен од Претставничкиот дом овој викенд, а вчера од Сенатот –  објави Бајден.
Тој додаде дека ќе се „погрижи испораките да започнат веднаш, во следните неколку часа”, јавија американските медиуми.

– Ова е голем ден за светскиот мир. Овој закон ќе ги направи Америка и светот побезбедни – рече американскиот претседателот по потпишувањето на законот.

Бајден изрази увереност и во победата на Украина во војната со Русија.

– Украина е способна да победи – додаде Бајден.