Австрија истражува серија напади врз Јеховините сведоци

Австриските безбедносни служби истражуваат низа експлозии чија цел можеби биле Јеховините сведоци, откако во петокот бил запален автомобилот на припадник на оваа верска заедница, соопшти полицијата.

Сведоците на инцидентот во Премштатен во јужна Штаерска пријавиле „некаков вид експлозија“. Како и во претходните слични инциденти, нема повредени.

Минатиот август, бомби беа активирани во два автомобила на Јеховините сведоци, исто така, во Штаерска, додека сопствениците на автомобилите биле на молитвен собир.

Кон крајот на март годинава беше пронајдена и деактивирана функционална експлозивна направа во влезниот простор на салата за состаноци на верската заедница.

Јеховините сведоци велат дека имаат околу 22.600 активни членови во Австрија.