Грета Гервик ќе жирира годинава во Кан со славни имиња


Канскиот филмски фестивал ги  објави осумте членови на жирито кои ќе се придружат на претходно најавениот претседавач, режисерката на „Барби“,  Грета Гервиг,  кои ќе одлучуваат за Златната палма и другите клучни награди на 77-то издание кое ќе трае од 14 до 25 мај.

Тоа се турската сценаристка и фотографка Ебру Џејлан, американската актерка Лили Гладстон, француската актерка Ева Грин, либанската режисерка и сценаристка Надин Лабаки, шпанскиот режисер и сценарист Ј.А. Бајона, италијанскиот актер Пјерфранциско Фавино, јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда и францускиот актер и продуцент Омар Си.

Режисерот, сценарист и продуцент Џорџ Лукас ќе ја добие почесната Златна палма за животно дело, а ова признание ќе му биде врачено на 25 мај на затворањето на фестивалот.

Седумдесет и седмиот фестивал во Кан започнува на 14 мај со Вториот чин на Квентин Дупие во кој главните улоги ги толкуваат Леа Сејду и Винсент Линдон. Трае до 24 мај.

Критичарите ги чекаат новите филмови од главната конкуренција на Жак Аудиар, Жил Лелуш, Дејвид Кроненберг, Паоло Сорентино, Френсис Форд Копола и Јоргос Лантимос. Во филмот на Американецот Шон Бејкер, кој се натпреварува и за Златната палма, играат руските актери Јуриј Борисов и Марк Ајделштајн.

Австралиецот Џорџ Милер надвор од конкуренција ќе го претстави филмот Furiosa: The Mad Max Chronicles. Исто така надвор од конкуренција, американскиот актер Кевин Костнер ќе го запознае гледачот со првиот дел од неговиот епски вестерн „Хоризонти“.

Претходно, Канскиот филмски фестивал, најгламурозниот од сите кои го слават филмот, го откри официјалниот постер за своето 77. издание.

Кан сака да евоцира кинематографска историја во своето официјално портфолио,  годинешниот постер не е исклучок. Има сцена од Рапсодија во август, јапонска класика од покојниот Акира Куросава, која премиерно беше прикажана надвор од конкуренција во Кан во 1991 година.

Во филмот, претпоследен на Куросава како режисер, баба која била жртва на бомбардирањето во Нагасаки, ја пренесува својата вера во љубов и интегритет како бедем против војната и насилството на нејзините внуци и нејзиниот американски внук.