ТЕРА

REKLAMA???

И ВО БИТОЛА ДЕНЕСКА ГЛАСААТ БОЛНИ И НЕМОЌНИ ЛИЦА И ЛИЦА ВО ЗАТВОРОТ

За утрешното гласање во првиот изборен круг за претседател на Македонија во Општина Битола има вкупно запишани гласачи во единствениот избирачки спирок 77.271.

Ќе се гласа на 170 избирачки места на територијата на Општина Битола.

Денеска ден пред изборите се спроведува гласање на 140 болни и немоќни лица и 100 лица кои се наоѓаат во затворот во Битола.

Денеска гласаат и 65 лица во старскиот дом Сју Рајдер во Битола.

Од ОИК велат дека денеска се дистрибуира избирачкиот материјал до избирачките одбори. Единствено во училиштата каде има гласачки места, доставувањето ќе се врши денеска после 11:00 часот, откако ќе заврши скратената настава во тие училишта.