Skip to main content

Скопјанец при апсење пробал да заколи полицаец

Вчера во 10.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(26) од Скопје.

Тој бил баран поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела од областа на имотните деликти, а при негово приведување физички нападнал полициски службеник, а се обидел и да го нападне со остар предмет, но бил спречен од другите полициски службеници, велат од МВР, додавајќи дека по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.



Поврзани вести