Подољак: Путин се плаши од пораз

од Stefanija Kuzmanovska

Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, се огласи на својот профил на Твитер.

Подољак наведе дека рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш ја потврдува неговата вмешаност во злосторства кои го прекршуваат договорот за неширење на нуклеарното оружје и дека прибегнал кон тактики на „заплашување“.

„Путин е премногу предвидлив. Давајќи изјава за тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија, тој признава дека се плаши од пораз и единствено што може да направи е да прибегне кон тактика на заплашување“, напиша советникот на украинскиот претседател на својот Твитер профил.

Слични содржини