Се подготвува најскапиот трансфер од Ј.Америка во Европа!

160

Реал (М) веќе ги осигура услугите на Ендрик, се чини дека неговиот трансфер може многу брзо да биде заборавен. Причината за таквата опција е новото чудо од дете, кое исто така го носи дресот на Палмеирас.

Станува збор за момче кое има само 17 години и кој е моментално најголемата сензација во Бразил. Неговото име е Естевао Вилијан, а две екипи водат голема борба за неговиот потпис.

Овој млад играч наводно вреди околу 60 мил. евра, а Палмеирас се надева на сличен договор со новиот клуб како што направи со Ендрик и Реал (М).

Раководството на Челзи веќе има подготвено понуда за Естевао и штом заврши сезоната ќе ја испрати, а таа ќе изнесува 30 мил. евра. Сепак, тие пари нема да го задоволат Палмеирас.

Раководството на овој клуб посакува фиксна сума од 45 мил. евра, а лондонскиот премиерлигаш не е единствениот тим кој сака да го доведе овој млад Бразилец.

Според новинарите од Бразил, продажбата на Естевао би требало да биде најскапата во историјата кога се во прашање играчите од Јужна Америка.

Фудбалерот секако ќе остане во Бразил додека не биде доволно возрасен да потпише професионален договор, а целата ситуација со големо внимание ја следат и челниците на Баерн (М).

Раководството на овој тим го следи младиот Бразилец од почетокот на годината и се презадоволни од неговите настапи и ќе направат се за да го обезбедат  неговиот потпис. Неофицијално, веќе се воспоставени првите контакти меѓу челниците на двата клуба.

Она што е јасно е дека Реал Мадрид и Барселона повеќе не се во игра за неговиот потпис и дека Естевао кариерата ќе ја продолжи или во Премиер лигата или во Бундеслигата.

Крилниот напаѓач  оваа сезона одигра 18 натпревари, на кои постигна седум гола и забележа три асистенции.