Иако на Бем Маргера му предвидуваа блескава кариера во скејтбординг, сепак не се случи ништо од тоа. Човекот кој во 90-тите како чудо од дете на 12 години почна да се натпреварува, во 2012 година поради алкохолизмот кој го мачеше, сега повторно си направи сериозни проблеми.

Во последните неколку години ги загуби сите спонзори и неколку пати беше апсен поради разни инциденти, а сега мораше да реагира и полицијата бидејќи ѝ се закануваше на поранешната сопруга Никол Бојд, со која го има синот Феникс.

  • Не сум го видел Феникс два е*ани месеца! Морам да се будам секој ден, знаејќи дека веројатно нема да имам можност да го видам или да разговарам со него. Ќе пушам крек со клошарите на е*аната улица додека не умрам ако не ми го донесеш Феникс! Оди на работа Ники, некој нека ти помогне, јас го сакам Феникс, урлаше Маргера на видео кое подоцна го избриша од социјалните мрежи.

Синот последен пат го видел на 29 март кога го посетил во затворот каде што бил притворен поради семејно насилство откако бил обвинет дека ја клоцнал сопругата. После се зборуваше и адвокатот Дејвид Глас.

  • За жал, така изгледа кога си зависник. Не е виновно однесувањето на другите што некој пие, тоа е типичен одбранбен механизам и покажува дека Бем не научил многу од неговата претходна битка со зависноста, истакна Глас.

Маргера и Никол Бојд се разделија во 2021 година. По разводот таа бара и алиментација од 15.000 долари месечно од Маргера, кој во текот на животот заработувал милиони од скејтбординг, спонзори и како дел од многу популарното реално шоу „Џејкес“.