Можат ли Дончиќ и Ирвинг против тимот кој нема пораз од 6 април наваму? (Фото)

НБА-понудата за вечерва по полноќ е составена од два натпртевари на кои домашните тимови се фаворити на хартија.

Според квотите во Sport Life, Бостон не би смеел да си дозволи кикс против Кливленд, а и Оклахома сити би требало да поведе со 2-0 во серијата против Далас. Но, тоа е само на хартија, фаворитската улога треба да се потврди и на паркет.

Кавалирс е тим кој нема гостинска победа повеќе од еден месец (последен пат надвор од Кливленд славеа на 3 април), а Селтикс дома ги доби сите три досегашни дуели со Коњаниците во својата сала и секогаш даваше од 116 до 120 поени.

Тандер го има најмладиот состав во плејофот, но неискуството засега нема земено данок, тие уште не знаат за пораз во разигрувањето за титулата, а на свој терен не загубиле од 28 март. Лука Дончиќ не е 100 проценти спремен, има проблеми со коленото, можеби и затоа пофрли на првиот меч кога даде само 19 поени. На Маверикс им треба да се разиграат Лука и Кајри Ирвинг ако сакаат победа и со скор 1-1 да се вратат дома во Далас.

Што се однесува до индивидуалците, има голем број кошаркари на кои може да се обложите за број на поени, скокови, асистенции и комбинацијата од трите најважни статистички показатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести