(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе од заминаа салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер. Долж булеварот беа распоредени униформирани полицајци и специјалци. Ова доаѓа откако додека за време на ракометниот натпревар имаше инцидент, а навивачи влетаа на теренот.

Автобусите и комбето по пат беа пратени и со полициски возила, со цел зголемена безбедност на навивачите и ракометарите. Првите тензии дојдоа во првото полувреме кога Пелистер имаше и предност пред Вардар.

Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.

Во рамките од петтото коло во ракометната Суперлига Вардар на домашен терен во Скопје со 31:24 (13:10) славеше шампионската титула откако го победи Пелистер.

Текстот (Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром е превземен од МАКФАКС.