Ќе имаат можност за поправен: Фиорентина втора година по ред ќе игра во финалето на КЛ

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако на реваншот против белгски Бриж одигра нерешено, 1-1, што беше доволно да се сочува предност од 3-2 од првиот меч.

Ова за „виолетовите“ од Фиренца ќе биде второт финале по ред во третото по ранг европско клупско натпреварување, но и можност за поправен после минатогодишниот пораз во финалето.

Бриж одлично влезе во мечот и после само 20 минути веќе имаше водство од 1-0, со што беше анулирана предноста на Фиорентина. Голот за водство на белгијците беше дело на Ханс Ванакен. Сепак, гостите не се откажаа, а конечните 1-1 беа поставени во 85-тата минута, кога Лукас Белтран беше прецизен реализатор на ударот од белата точка.

Фиорентина противникот во финалето ќе го дознае утре, откако ќе се одигра реваншот помеѓу Олимпијакос и Астон вила, во кој грците имаат предност од 4-2 од првиот меч во Бирмингем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести