Во Русија експлодираше украински дрон, тврдат руски медиуми

Во градот Кирејевск во руската област Тула денеска дошло до експлозија, а руските медиуми јавуваат дека на местото на несреќата експлодирал украински дрон Ту-141 при што биле повредени три лица.

Воениот аналитичар Горан Реџеповиќ за телевизијата Н1 изјавил дека се работи за ист дрон како оној што падна лани на 10 март во Загреб во близина на студентскиот дом „Стјепан Радиќ”.

– Тоа е ист дрон како што падна во Загреб, а Тула е центар на воената индустрија на Русија, вели Реџеповиќ.
Тој додава дека се работи за дрон од советско производство, кој што во време на Советскиот Сојуз бил произведен во Харков, во Украина.

Руските медиуми објавија дека дронот бил „вооружен” со експлозив, а Реџеповиќ појаснува колку експлозив овој дрон може да носи и каква штета може да направи.

-Може безбедно да носи 100 килограми експлозив. Ако е во прашање ‘мек’ предмет, ако не е на пример бункер, може да предизвика штета. Но тоа е само еден дрон и повеќе е симболичен отколку што е вистинско уништување. Ова ја покажува способноста на Украина да продре длабоко на руска територија, изјави воениот аналитичар Реџеповиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот