Вести Македонија

Топ Тема: ВМРО – ДПМНЕ сака повторно да се отвори јавна расправа за Законот за рестриктивни мерки, а Аврамовска Мадиќ предлага амандманска расправа

„Црните листи“ ќе се спроведат со постапување по Законот за ресриктивни мерки, рече Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда во вечерашната Топ Тема и побара одговор од Миле Лефков, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ зошто го попречувате неговата партија го попречува  донесувањето на измените на овој закон.

„Повикајте го претседателот на Собранието Јован Митревски и нека му ја одземе надлежноста на претседателот на комисијата (Антонијо Милошоски) и нека ја свика комисијата нека ги потврди измени и нека дојдат на пленарна седница и слободно изгласајте го“, рече Лефков.

„Претседателот на комисијата е од вашата политичка партија зошто тоа не го направи тој“, праша заменик – министерката за правда.

„Ваков закон кој што предвидува мерки, којшто спаѓа во доменот на регулирана материја за кој експертите пројавија сомнеж кон овој закон“, рече Лефков.

Мадиќ го потсети дека законот е по предлог на МНР, а по иницијатива на Славица Грковска ви-це премиерката за добро владеење.

„Единствено предлагаме повторно да се отвори јавна расправа“, дециден беше Лефков.

„Закажете ја комисијата ќе имате амандманска расправа“, возврати Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, која кажа дека законот во собранието е доставен пред 28 јануари, а не како што тврди Лефков во предизборие.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачки пред велешани: Реконструкција на пругата кон Кочани, електрификација на железничката линија за Битола

Дејан Дејан

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе